11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пакистан денеска ќе го врати индискиот пилот

Заробениот индиски пилот, кој се најде во фокусот на најголемата воена криза во јужна Азија во последните две децении, денеска би требало да биде ослободен, објави Си-ен-ен.

Пакистанските власти го заробија командантот Абхинандан во средата кога неговиот „миг-21“ се урна во дел на Кашмир, кој е под контрола на Пакситан.

Пакистанскиот премиер, Имран Кан, објави дека денеска ќе ѝ го врати на Индија нејзиниот пилот во знак на мир. Наспроти неговите изјави, индиските власти сè уште се на готовс.

Пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Мехмуд Куреши, изјави дека индискиот пилот ќе биде ослободен попладне на граничниот премин Вагах.

Спонзорирано: