11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради дефект на авионот, германскиот шеф на дипломатијата остана заглавен во Мали

Германскиот шеф на дипломатијата, Хајко Мас, остана блокиран на Мали поради дефект на службениот авион. Овој дефект се додава на долгата листа технички проблеми што последните месеци се случуваат на патувањата на германски функционери.

„Мас вчера требаше да се врати од посетата на Западна Африка во текот на која ги посети Сиера Леоне, Буркина Фасо и Мали, но владиниот авион со кој патувал имал технички дефект и морало да го продолжи престојот во Бамак“, соопшти портпаролот на Министерството.

Овој дефект се додава на долгата листа технички проблеми што последните месеци се случуваат на патувањата на германски функционери.

Германската канцеларка Ангела Меркел доцнеше на самитот Г20 во Аргентина на крајот на ноември лани поради технички проблем на владиниот „ербас“, кој мораше да слета во Келн.

На крајот на јануари, претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, остана блокиран во Етиопија поради дефект на друг владин „ербас“.

Министерот за развој, Герд Милер, беше принуден да ја откаже од планираната посета на Намибија на почетокот на годинава исто така поради дефект на авион.

Спонзорирано: