25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ вечерва упати жестока порака до ВМРО ДПМНЕ: Повлечете ги роднините на функционери кои се вработија за време на вашето 11 годишно владеење

Списокот на ВМРО-ДПМНЕ е фаличен, реагираат од СДСМ на денешната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој кажа дека до антикорупциската комисија доставиле список со примери за непотизам во власта.

Според СДСМ, на ваквиот список на опозициската партија недостасуваат роднините на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во државни институции и јавни и државни претпријатија во, како што велат, 11-те години криминално владеење.

„Меѓу нив се и братучедот на Христијан Мицкоски, сестрата и таткото на генералниот секретар Игор Јанушев, вујкото, братучедот, снаата, братучетката и зетот на Антонио Милошоски, сестрата, сопругата, вујкото, тетката на Димитар Стевананџија, ќерката и братот на членката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна директорка на УЈП, Анастасија Илиеска“, се наведува во ракцијата на владејачката партија.

Од таму сметаат дека доколку од ВМРО-ДПМНЕ навистина се загрижени за администрацијата, сега имаат шанса да го покажат тоа и на дело, со тоа што ќе ги повикаат сите партиски функционери да ги повлечат роднините од работните места во адмнистрацијата и државните претпријатија.

Од партијата истакнуваат дека добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи и ги очекуваат одлуките на независното тело.

Исто така најавуваат дека и тие како партија ќе поднесат претставки за сите случаи на вработувања на роднини на функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: