17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бегалците во Германија ќе мора да живеат во региони што ќе ги определат властите

Германската влада донесе одлука според која лицата кои добиле азил ќе бидат обврзани во првите три години од својот престој во Германија, да живеат на места кои ќе им ги одредат властите, беше соопштено денеска, a пренесе порталот „Индекс.хр“.

„Одредувањето на местото на живеење ги ослободува големите градски центри и правилно го распределува населението во помалку населените делови на земјата“, рече Аксел Гедашко, претседател на Здружението за домување.

Тој смета дека оваа мерка и добар демографски механизам насочен против исчезнувањето на населението во одредени делови на земјата.

Владата порача дека оваа мерка е насочена и против сегрегацијата на бегалците кои честопати припаѓаат на иста култура и етничка заедница.

Парламентарната Партија на зелените ја критикуваше ваквата одлуката на Демохристијанско-социјалдемократската влада, тврдејќи дека станува збор за мерка која стигматизира.

„Регулативата за утврдување место за живеење го ограничува правото на движење на бегалците, што е загарантирано со Женевската конвенција“, рече Филиз Полат од Партијата на зелените.

Спонзорирано: