21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три и пол години затвор за напаѓачот на навивачот на Ливерпул

Италијанскиот фан на Рома, Симоне Мастрели доби затворска казна од три и пол години за бруалниот напад над 53-годишниот навивач на Ливерпул, Шон Кокс, кој доби сериозни повреди на мозокот по инцидентот кој се случи пред мечот од Лигата на шампионите во април.

30-годишниот Мастрели минатиот месец беше екстрадиран од Италија. Кокс, татко на три деца, уште се нема опоравено откако заврши во кома по нападот и според неговите адвокати нема да може да живее самостојно.

Пред судот се откри дека Кокс бил нокаутиран со еден удар од Мастрели, додека братот на Кокс, Мартин изјави дека тие „сосема случајно“ налетале на навивачите на Рома, вклучувајќи го и Мастрели.

Спонзорирано: