3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев во Минхен: Северна Македонија e активен учесник во процесите за глобалната безбедност

Северна Македонија e активен учесник во процесите за глобалната безбедност, истакна премиерот Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација на Минхенската конференција за безбедност.

Покрај учеството на повеќе настани во рамките на конференциската агенда, претседателот на Владата и членовите на делегацијата ќе остварат повеќе заеднички и одделни билатерални средби.

Заев денеска оствари средба со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, каде што беше потврдена нагорната линија на развојот на одличните односи меѓу двете земји, со потенцијали за проширување на добрите релации, особено во економските врски.

Ѓукановиќ му честиташе на премиерот Заев за статусот на поканета земја членка на НАТО и соопшти дека црногорското собрание многу брзо ќе го ратификува протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО, по што Република Северна Македонија ќе се стекне со полноправно членство откако протоколот ќе го потпишат сите земји членки на алијансата.

Заев на средбата ја изрази својата и благодарноста на Владата и на народот на нашата земја за континуираната поддршка што Црна Гора ја пружа и изрази убедување дека заемната поддршка и соработка и понатаму ќе се зацврстува и шири во интерес на граѓаните на двете земји.

Претседателот на Владата и членовите на делегацијата вечерва ќе бидат дел од заедничката свечена вечера на која се поканети сите шефови на држави и влади, како и членови на кабинети.

Заев е во Минхен заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и пратеникот во Собранието, Џевад Адеми.

Спонзорирано: