8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Сопственикот на „Дурмо турс“: Веројатно станува збор за здравствен проблем на возачот

Сопственикот на компанијата „ДУРМО- турс“, Дурмиш Белули, во интервју за „Телевизија 24“ вели дека морално се чувствува одговорно, затоа што загинатите и повредени патници не биле еден ден, туку со години патувале со нив.

„Ние од Гостивар со сите се знаеме, жалиме длабоко, потресени сме, едноставно сме во шок“, вели Белули.

Во однос на возачот, со него, по несреќата во контакт стапил одговорно лице на возниот парк. Во моментот на случувањето, тој бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата.

„На повторното прашање дали ја изгубил контролата над автобусот или самиот, одговорот бил дека самиот ја изгубил контролата. Веројатно станува збор за некоја здравствена причина негова, бидејќи автобусот се движел 200 до 300 метри, а нема ни траг на кочење ни една реакција на возачот. Возачот дента нема пречекорување на работното време. Возачот нема пријавено дека боледува од нешто или здравствена причина дека не треба да работи. Има сертификат, лекарско уверение, возачка дозвола“, вели Белули.