13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.Mk/Ј.С.
МАКЕДОНИЈА

Добра вест: Грција призна постоење на македонски јазик

Согласно договорот од Преспа се потврди дека Грција нашиот јазик ќе го именува како Македонски јазик.

Па така во објавен оглас во Службениот весник на Грција, поточно за оглас издаден од Министерството за цивилна заштита на Грција се бараат лица кои треба да познаваат македонски јазик за вработување во Националната агенција за разузнавање.

Со ова прв пат се употребува Македонскиот јазик како термин кој го именува нашиот јазик од страна на некоја грчка институција.

Покрај терминот Македонски јазик, согласно договорот, во заграда стои дека се работи за јужнословенски јазик.

Спонзорирано: