14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за клинички центар на СДСМ е 4 пати поскап од нашиот

Наместо нов клинички центар за две години од сега, како што беше предвидено од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја поништи постапката за веќе готов проект, само за да распише оглас за 4 пати поскап проект, чиј почеток е дискутабилен, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ, наместо 120 милиони евра, ќе потроши 480 милиони евра за ист проект. Каде ќе заминат над 360 милиони евра народни пари? Граѓаните ќе ја имаа истата услуга за 4 пати помала цена“, прашува опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението додава дека СДСМ создал хаос во здравството, а антивакциналната кампања што ја терале, сега ги чини граѓаните животи.

Од ВМРО-ДПМНЕ и утрово бараат итно спроведување предвремени парламентарни избори.

Спонзорирано: