11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Албанија утре ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Албанското собрание утре ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. На седницата ќе присуствува претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе отпатува на работна посета во Република Албанија, каде што ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија закажана за 14 февруари и на која ќе се ратификува протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО“, соопштија од собраниската прес-служба.

Албанија ќе биде трета земја членка на НАТО што ќе го ратификува протоколот по Грција и Словенија.

Спонзорирано: