17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Охрид – полицијата стави лисици на рацете на три лица

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42- годишниот С.Р од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

„На 31.10.2017 година на регионалниот пат Охрид – Свети Наум полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, во кое како сопатник бил З.И. од Охрид, при што кај пријавениот пронашле марихуана“ соопштуваат од полицијата.

Вчера пак во 15 часот и 30 минути во Полициска станица Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, од слобода биле лишени П.Ч.(26), Т.Љ.(23) и М.Р.(23), сите од Гевгелија.

При преглед, кај лицата била пронајдена марихуана.