Владејачката СДСМ вечерва носи одлука за тоа дали со претседателските и ќе има и вонредни парламентарни избори.
Според инфорамции извршниот одбор на СДСМ вечерва треба да донесе одлука дали ќе се прифати барањето на ВМРО ДПМНЕ да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.
На дневен ред на состанокот вечерва треба да бидат и претстојните претседателски избори, a членовите ќе бидат информирани за постапката за избор на кандидати.
Кндидатот на СДСМ за претседател на државата треба да биде избран на конгресот на 3 март.
Спонзорирано: