Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Претседателот на судечкиот совет, кој го води случајот „Монструм“, Огнен Ставрев, на денешното рочиште рече дека третпат се обратил до Министерството за правда да се информира за постапката. Оттаму му било кажано дека таа е во тек, но сè уште нема конкретен одговор од Косово за екстрадиција.

Предметот „Монструм“ од страна на Врховниот суд е вратен повторно во судска постапка од почеток кога на доживотна казна затвор за тероризам беа осудени обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

Основниот суд во Приштина веќе еднаш на 29 октомври 2015 година донесе одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

Спонзорирано: