16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американец што го преживеал 11 септември, загина во терористичките напади во Кенија

Американски бизнисмен што ги преживеа нападите на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година во САД е меѓу 21 жртва од нападот на милитантите на луксузниот хотелски комплекс во Најроби, објави Си-ен-ен.

Џејсон Спиндлер, основач и извршен директор на компанијата I-Dev International, со седиште во главниот град на Кенија, е меѓу убиените во нападот, изјавила неговата мајка за Ен-би-си.

Пред да ја основа сопствената компанија, работел во Светскиот трговски центар во Њујорк, рекла мајката Сара Спиндер. На 11 сепетември 2001 година, кога авионот удри во кулата, тој доцнел на работа. Излегувал од подземната железничка кога се урнал првиот облакодер.

Спонзорирано: