20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Птица им приреди на патници во бизнис-класа патување какво што не очекуваа

Карта за бизнис-класа на авиокомпанијата „Сингапур ерлајнс“ би требало да ви овозможи на посакуваната дестинација да стигнете одморени, особено што летот со моделот А380 чини меѓу 7.500 и 9.900 долари.

https://www.facebook.com/salilkumarindia/videos/10156697125731211/?t=0

Сепак, птица од видот мина, која може да имитира човечки говор и е песнопојка, го нарушила редот и мирот во бизнис класата.

Имено, на социјалните мрежи неодамна се појави видео од птица која случајно се нашла во бизнис-класата на авионот и ги излудила патниците кои биле на патување долго 14 часа.

За среќа, таа се појавија само неколку часа пред слетувањето, а портпаролот на авиокомпанијата изјави дека екипжот успеал да ја фати, со помош од еден патник.

Од „Сингапур ерлајнс“ не откриле како птицата успеала да стигне до кабината на авионот.

Спонзорирано: