10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Личност на годината - 2018МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Петре Шилегов е Градоначалник на годината во Македонија

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов е избран од редакцијата на Centar.mk за Градоначалник на годината.

Ваквата одлука се должи на неговите активности за враќање на духот на старото, вистинското Скопје.

Градоначалникот веднаш ги засука ракавите и во првата година од својот мандат го реализира првиот дел од новоизградената траса од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1000 метри.

Со новиот булевар скопјани добиваат ново модерно сообраќајно решение, со 6 сообраќајни ленти, велосипедски и пешачки патеки и средишно зеленило.

Започна и проектирањето на булеварот АСНОМ со мостот преку Вардар од Аеродром до населбата Ќерамидница.

Шилегов е еден од најактивните градоначалници во Македонија кој ги решава проблемите на граѓаните на дневна основа, постојано е на терен и често е присутен во медиумите.

Петре Шилегов е првиот градоначалник на Скопје кој не само што вети, туку и ја започна процедурата за реализација за изградба на трамвај во Скопје.

Шилегов е човекот во чие време Скопје почна реализацијата на проектот за гасификација.

И двата крупни проекти ќе помогнат во намалување на загадувањето на град Скопје, чиј проблем веќе почнува активно да се решава.

Спонзорирано: