3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Германија мора да преземе поголема одговорност во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во интерес на Германија е да преземе поголема одговорност на меѓународно ниво во време кога мултилатерализмот редовно се напаѓа.

Во вообичаеното новогодишно обраќање, Меркел утврди дека некогашните цврсти начела на меѓународната соработка ставени се на тест и дека Германија мора одлучно да продолжи понатаму, аргументирано да расправа и да се бори за сите свои уверувања.

Меркел предупреди дека нејзината земја не може сама да ги решава светските проблеми, како што се климатските промени, миграцијата и борбата со тероризмот.

„За нашето сопствено добро сакаме да одговориме на сите тие прашања, а тоа најдобро ќе го направиме ако водиме сметка и за интересите на другите“ истакна Меркел во говорот.

„На тоа не научија двете светски војни од минатиот век“ додаде Меркел.

Таа исто така најави и зголемување на издвојувањата за хуманитарна помош, развој и воен буџет.

Спонзорирано: