8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Личност на годината - 2018ТОП ВЕСТИ

Отец Пимен – Обединувач на годината

Редакцијата на Centar.mk го избра Отец Пимен, митрополит европски на Македонската Православна Црква за Обединувач на годината.

Отец Пимен важи за личност која ги зближи верниците до верата.

Неговите ставови го сплотуваат народот, а често во своите излагања во јавноста е поддржан од огромен број на граѓани, без разлика на вера и народност.

Хуман човек кој постојано помага на оние на кои им е најпотребно.

Отец Пимен е еден од најактивните јавни личности на социјалните мрежи кој често пишува постови кои одекнуваат силно во јавноста.

-Ех шо би сакал Господ Бог во новава да ми исполни една желба, а таа е да ви ги исполни сите желби на сите вас драги ем мили мои. Ама би поставил услов за исполнување на сите желби. А тој би бил да немаме преку целата година ниту една желба со која посакуваме зло било кому. Ако не никому ништо.
Само се плашам, какви сме станале, дека на почетокот на 2020 Дедо Мраз ќе биде прогласен за технолошки вишок, вели Отец Пимен во својот статус на социјалната мрежа Фејсбук објавен пред неколку денови.

Спонзорирано: