24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Отец Пимен објави статус за ситуацијата во која се нашол вечерва откако завршила хуманитарната акција на која присуствувал

Отец Пимен вечерва преку фејсбук статус ја сподели ситуацијата која му се случила откако поминала хуманитарната акција на која присуствувал.

– Убава ова демократијава. Те викаат да помогнеш во хуманитарна акција, па се радуваш со деца што се радуваат, одиш на вечера со екипата да си споделиш радост, па на излегување од ресторан ти се загнува некоја тетка што не доаѓала во црква заради тебе веројатно дека те квалификувала во предавниците…

И така денот мина и помина. Си направив математика и видов дека детските насмевки ми превагнуваат на вагата над патриотските изливи на бес на комшиката од соседната маса и раат ќе си заспијам.

Лека ноќ убави мали деца и големи патриоти, порача Отец Пимен на социјалните мрежи