Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Изгоре магацинот со изборниот материјал на Конго

Во раните утрински часови во магацинот во кој се чуваше изборниот материјал на Конго избувна пожар.

Во пожарот, кој се случи на само 10 дена пред претседателските избори во земјата, изгореа илјадници гласачки кутии и електронски избирачки машини.

Изборната комисија соопшти дека е прерано да се утврдат причината и степенот на штетата.

Причините за пожарот засега се непознати.

Спонзорирано: