13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски воен авион падна во вода неколку минути по полетувањето

Авион од военото воздухопловство на САД падна во вода кај база на островот Оаху во Пацификот, јави Еј-би-си.

Ловецот падна неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром на Хаваите. Пилотот се катапултираше и во моментов се наоѓа во болница во критична состојба.

Не е познато дали во авионот имало уште некој, а причините за несреќата се истражуваат.

Летот требаше да биде изведен во рамки на воени вежби каде што учествуваат околу 800 лица и 30 авиони. Во овој момент вежбите се стопирани.

Спонзорирано: