17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциск ги смени кардиналите обвинети за сексуална злоупотреба

Папата Франциск од својата група блиски советници смени двајца кардинали обвинети за сексуална злоупотреба, објави Светиот Престол во средата.

Тоа се австралискиот кардинал Џорџ Пел и Чилеанецот Франсиско Хавиер Еразуриз. Двајцата се обвинети за сексуална злоупотреба, која тие ја негираат.

Си заминува и третиот кардинал од т.н. Ц-9 група, Конгоанецот Лоран Монсењво Пасиња, кој на 79 години се пензионира од позицијата надбискуп на Киншаса, вели портпаролот на Ватикан, Грег Бурк.

Во изјавата за новинарите Бурк рече дека папата Франциск им пишал на сите тројца во октомври и им се заблагодарил за нивните услуги.

Групата Ц-9 се состои од девет кардинали од сите континенти кои му помагаат на папата да го реформира Светиот Престол, пишува „Франс прес“. Групата е основана во март 2013 година, еден месец откако Франциск стана папа.

Спонзорирано: