Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини побара од Тачи да ги укине царините за увоз на стока од Србија и БиХ

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во телефонски разговор со претседателот на Косово, Хашим Тачи, му кажала дека одлуката за воведување на 100-процентни царини за стоки од Србија и Босна и Херцеговина треба да биде повлечена, соопштени канцеларијата на Могерини.

„Високата претставничка истакна дека одлуката на владата на Косово да го зголеми до 100 проценти царините за стоките од Србија и Босна и Херцеговина дополнително ја усложнува ситуацијата и не води ниту кон решение на проблемите на населението ниту кон оправдување на надежите на Косово во однос на сегашноста и иднината“, се вели во соопштението.

Оваа мерка не помага да се воспостават добрососедски односи и мора да се укине, порачала Могерини. На 21 ноември Косово воведе 100 отсто такси за стоки од Србија и Босна и Херцеговина. Одлуката на Приштина предизвика протести меѓу српското население во северниот дел на земјата.