23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца мажи украле слика на Реноар пред аукција во Виена

Тројца мажи се обвинети дека украле слика од францускиот импресионист Пјер Огист Реноар од аукциска куќа во Виена, соопшти полицијата.

Тие влегле во аукциската куќа „Доротеум“ и ја украле сликата која била поставена на ѕидот на вториот кат. Потоа изглеле од зградата од разни излези и побегнале, наведе полицијата.

Властите објавија снимки од непознатите мажи и побараа помош од граѓаните за нивна идентификација.

Сликата Golfe, Mer, Falaises Vertes се проценува помеѓу 120 и 160 илјади евра, а објавата за нејзина продажба беше симната од интернет-старницата на аукциската куќа.