18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
МАКЕДОНИЈА

Гореа возила во Скопје – пожарникарите на терен, со болничка однесено едно лице

Доцна синоќа, малку по 2 часот по полноќ, во Скопје, на улицата Димо Хаџи Димов, избувнал пожар во подземна гаража.

Од пожарот биле опожарени две патнички возила – „фолксваген голф“, сопственост на 38-годишен скопјанец, и „ауди“ во сопственост на 39-годишен скопјанец.

Од страна на Противпожарната екипа, пожарот е локализиран, а станар од зградата е пренесен на Клиниката за токсикологија. Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.