И утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет.
Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.
Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување.