15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Кирацовски: Стрежево е пример за капитален, стратешки објект што обезбедува квалитетен живот за граѓаните

Изјава за медиуми на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, дадена при одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на ЈП Стрежево.


– Денес, одбележуваме јубилеј 40 годишнината од основањето на Јавното претпијатие Стрежево, еден од најреперзентативните капитални објекти во нашата Република Македонија.

Денес, она што е особено важни е да се истакне дека токму од тука од хидросистемот Стрежево со питка вода се снабдува Битола и околината, се наводнува Битолско поле, со технолошка вода за нашиот најголем енергетски комплекс РЕК Битола, како и останатите фабрики во Битола и околината.

Со една реченица – ЈП Стрежево обезбедува живот за Битола и нејзината околина.

Она што е многу битно е што ЈП Стрежево е еден од поттикнувачите и на туризмот во Битола, затоа што сите ние сме претпознатливи како битолчани по Нижеполе, по летниот и зимски центар и нормално по двата ски лифта.

Како битолчанец, особено сум горд што денеска сум денеска тука и им благодарам на поканата и на директорот и на ЈП Стрежево, тоа е едно од најбитните претпријатија во оваа околина, еден од најголемите капитални објекти кои што истовремено имаат влијание и врз туризмот и врз енергетиката и врз земјоделието, и нормално врз човековото живеење, тука.

Она што сакам да го истакнам е дека како пратеник и генерален секретар на најголемата владејачка партија, сакам да истакнам дека стојам комплетно на располагање и ќе настојувам ова јавно претпријатије да се зачува комплетно, да се работи домаќински особено како последната година и половина, и да интервенирам со сето мое влијание што го имам истото да биде унапредено максимално.

Вакви капитални објекти и се потребни на Битола, и се потребни на цела Македонија и ние како парламентарно мнозинство, како Влада на Република Македонија, правиме се да обезбедиме значајни предуслови вакви капитални објекти да се иницираат, да се градат, и нормално да се одржуваат.

Нека е честит јубилејот на ЈП Стрежево, рече Кирацовски, генерален секретар на СДСМ.