19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тамара умирала чекајќи ново срце од 2002 – дознала кој е донорот и веднаш почнала да плаче

41-годишната Тамара Добричиќ доживеа среќа и доби ново срце со кое има можност да си ги расте трите деца, по необичен сплет на околности.

Откако во Србија на 6. Ноември почина 15-годишна тинејџерка по име Софија по консумирање екстази, нејзиното срце е трансплантирано кај мајката на три деца.

Семејството на младата Софија се согласило да се донира срцето и по месеци агонија и чекање, повторно има среќа кај семејството на Тамара која чекала од 2002. година.

– Тешко беше кога дознав чие е срцето. Сум ја видела Софија таа е од нашето маало, весело дете. Таа не се дрогираше детската радозналост ја однесе во смрт. Сепак, многу сум и тажна и благодарна, вели Србинката.

Таа дознала на вести од кого добила срце и почнала да плаче.