Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чистачка од Грција доби десет години затвор зошто на конкурсот измамила за завршеното образование

Чистачка од Грција е осудена на десет години затвор бидејќи лажела за степенот на завршено основно образование, пренесуваат регионалните медиуми.

Осудената жена на возраст од 53 години, 15 години работела во државна градинка, но во 2014. било утврдено дека таа ја лажирала потврдата за завршено основно образование.

Регионалниот суд месецов и изрекол пресуда за залажување на јавноста, пренесува агенцијата АМНА.

„Оваа одлука е едноставно нехумана. Истата е уште еден важен индикатор за лошата состојба на правосудниот систем“, изјавиле од Хеленската лига за човекови права (HLHR) во врска со случајот.

Според обвинението, неименуваната жена го сменила својот сертификат за да изгледа дека завршила шест години од основно училиште, што и овозможило да ја добие работната позиција. Реално, таа имала завршено пет години од основното образнование.

Пред три или четири децении во Грција било вообичаено децата да се откажуваат од училиште поради сиромаштија, особено во руралните средини, пренесуваат тамошните медиуми.

Обвинител од Врховниот суд изјавил дека во текот на следната недела ќе ја проучи правната интерпретација на регионалниот суд, откриле судски извори.

Спонзорирано: