17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Москва: Она што утрово се случи во Косовска Митровица е нова провокација

Москва упадот на косовската специјална единица утрово во дел на Косовска Митровица, каде живеат Срби и апсењето на четворица локални жители го сметаат како нова провокација на Приштина, со цел протерување на косовските Срби, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува Спутник.

„Најостро го осудуваме фактот дека Приштина развива спирала на конфликтот. Изненадува и повлекувањето на меѓународните сили на Косово, кои потсетуваме, работат врз основа на мандатот на Советот за безбедност на Обединетите нации и обврска им е не само прописно да одговораат на провокациите, туку, исто така, да се дејствува превентивно, со цел да се избегне раст на тензијата”, предупреди министерството.

Се добива впечаток, како што е наведено во соопштението дека Европската унија и САД, која со години ги штитат косовските Албанци, или не се во состојба да ги ограничат своите штитеници или поттикнува на агресивна политика, стои во соопштението.

„Сметаме дека е особено важно одговорниот став на раководството на Србија да ги преземе сите напори за намалување на тензиите”, наведуваат од министерството.

Спонзорирано: