16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Лосос во сос од лимон

Аспарагусот го прави ова јадење посебно. Неговиот лесен вкус одлично оди со риба како лосос!

Состојки:

1 кг зелен аспарагус
сол
4 филети лосос (од по 200 гр)
бибер
2 лажици масло
100 гр путер
30 гр сечкани бадеми
1 лимон
Начин на подготовка:

Излупете го аспарагусот во долниот дел на стеблата. Отсечете ги дрвенестите краеви и гответе во посолена вода 10 минути. Исцедете и оставете на топло место.

Посолете го лососот, побиберете и пржете на масло од секоја страна по 4 минути.

Растопете путер, додајте бадеми и пропржете ги. Измијте го лимонот и изрендајте ја кората. Исцедете го сокот, па заедно со кората додајте го во путерот и бадемите, посолете и побиберете. Со тоа прелијте го лососот и послужете го аспарагус.

Добар апетит!