18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Вратете се во детството: Попара на старски начин

За да се вратите во детството потребни ви се малку леб и маст…

Состојки:

350 гр стар бел леб (стар барем 3 дена)
700 мл вода
50 гр путер
3 лажици млад кајмак (околу 100-150 гр)
околу 250 гр зрело сирење (може и фета)
Начин на подготовка:

Лебот исечете го на парчиња, па искинете го. Во поголем сад ставете вода во дупла количина во однос на лебот и ставете да зоврие. Ако сирењето е несолено или многу благо додајте 1/3 лажичка сол во водата, а ако е солено не треба да додавате сол воопшто.
Тргнете го садот од рингла и ставете го цел леб, измешајте да се направи каша, додајте путер и повторно измешајте.

Кајмакот и издробеното сирење измешајте ги веднаш и послужете.

Добар апетит!