14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: ЕУ очекува Србија и Косово да ги исполнат своите обврски

По вчерашниот дијалог меѓу Белград и Приштина, од Кабинетот на комесарката за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, е соопштено дека Европската Унија очекува Србија и Косово да ги исполнат своите обврски.

„Во разговорите со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хачим Тачи, Могерини ја нагласила потребата Косово и Србија да обезбедат услови за дијалог и да се воздржат од зборови, акции и мерки што се спротивни на нормализација на односите“, се наведува во соопштението.

Се додава дека Могерини, Вучиќ и Тачи разговарале за чекорите што се неопходни да се преземат за да се оди напред и се договориле во следните денови да бидат во постојан контакт за да проценат што следи по вчерашниот состанок.

Спонзорирано: