12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три лица избодени со нож на улица во Мелбурн

Три лица се избодени со нож утринава во центарот на австралискиот град Мелбурн. Полицијата го застрелала напаѓачот и во критична состојба е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека од тројцата избодени едно лице е во критична состојба, друго има повреди на главата, а состојбата на третото лице не е позната.

Пред инцидентот, полицијата била повикана поради возило што горело во улицата Бурк. На видеоснимките објавени на интернет се гледа како мажот ѝ се заканува на полицијата со нож во раката.