14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Судот се претвори во игротека за исполнување на желбите на Заев

Зад мене е судството свиткано во пупка и седнато в скутот на одродениот помилуван аболициран криминалец Зоран Заев, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во изјава дадена пред Основниот суд Скопје 1.

„Ова не е суд, ова е игротека и место за исполнување на желбите на Заев. Тој си нарачува судења, тој си предвидува пресуди, тој сам го реформира додека седеше на обвинителна крупа за земање на мито, нешто што го виде цела држава“, посочи Стоилковски.

Како што рече тој, вонправно, но и очекувано, Кривичниот совет ја потврдил одлуката на Судот за замрзнување на целиот партиски имот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова нема никаква врска со наводниот предмет кој што по партиска инструкција за пресметка со опозицијата го води СЈО. Ова има врска само со едно, обид за замолкнување на опозицијата и обид за заплашување на јавноста. Сега, кога пред очите на сите, се гази референдумот, се гази демократијата, се гази Собранието, се понижуваат пратеници преку силување на правото и правдата“, истакна партискиот портпарол.

Како што рече Стоилковски и барањето од СЈО и одлуката на судиите се целосно неосновани и се исклучиво политички мотивирани.

“Прво и основно, не постои мандат, овластувања и надлежност за поведување на барање за определување на привремената мерка од страна на СЈО. Второ и уште поважно, ВМРО-ДПМНЕ како правно лице воопшто не е осомничено во постапката. Судот незаконски задира во правата на лица кои не се осомничени. Единствената намера е политички прогон и нарушување на можноста за нормално делување на политичка партија на опозицијата. Со тоа јавно се испраќа порака за заплашување дека секој може да биде жртва доколку не се согласува или се спротивставува со антидржавните политики на Заев“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека партијата подготвува жалба до судот во Стразбур по право на здружување и по право на поседување.

Спонзорирано: