10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ѝ честитам на Македонија за историската одлука да продолжи со имплементација на договорот, порача Курц од конференцијата за економија

Владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, како и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска заминаа во посета на Будва, каде што се одржува конференцијата за економија со наслов „Балканот и Европската Унија – петгодишен циклус на берлинскиот процес“.

Конференцијата ја отворија црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и австрискиот канцелар Себастијан Курц, а по официјалното отворање на конференцијата, вицепремиерот Анѓушев ќе учествува на панелот „Економска и европска перспектива на Балканот“, каде што ќе дебатира со други високи политички претставници од земјите во регионот, соопштија од неговиот кабинет.

Канцеларот Курц во својот говор за време на свеченото отворање се осврна на разните аспекти што влијаат на поголемата економска и безбедносна стабилност во регионот. Тој нагласи дека денес имаме регион што храбро чекори напред со реформските процеси и станува кредибилен фактор за целата Европска Унија.

„Ѝ честитам на Македонија за историската одлука да продолжи со имплементација на преспанскиот договор, со што прати сигнал на охрабрување не само за Македонија туку и за целиот регион“, нагласи Курц на свеченото отворање.

Министерот за економија, Бектеши, пак, утре, ќе учествува на панелот „Регионална соработка како сегмент на европските интеграции: економијата – генератор на севкупниот развој“ заедно со другите министри од регионот задолжени за економски прашања.

Во рамките на настанот, како што посочуваат во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, членовите на делегацијата ќе остварат и билатерални средби со политички и бизнис-лидери од регионот.

Спонзорирано: