11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

(Видео) Илков: СДСМ ветуваше мед и млеко во земјоделството и подобар живот за земјоделците, а добивме само празни полиња

Пред доаѓањето на власт во предизборната кампања на СДСМ се ветуваше мед и млеко во земјоделството и подобар живот за земјоделците, но што добивме – добивме празни полиња, обвини денеска Игор Илков од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија.

„Македонските земјоделци сè повеќе не се во можност да обезбедат основни средства за да ги обработуваат нивите. Раноградинарските култури, како што се бостанот, кромидот и зелката, годинава останаа на нивите, иако од страна на Владата на СДСМ јавно сите бевме убедувани дека откупот се одвива непречено и континуирано. Но, македонскиот земјоделец знае дека откуп немаше или беа понудувани цени од 2 денара за килограм лубеница, 5 денари за килограм кромид и зелка. И покај тоа, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, не се охрабри да ги посети земјоделците од општина Гевгелија откако е назначен на оваа функција“, изјави Илков.

Се водеше голема медиумска кампања дека ќе се зголеми цената на винското грозје, вели Илков и обвинува дека и покрај катастрофалната година, која беше проследена и со невреме, цената на винското грозје остана непроменета.

Спонзорирано: