15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е разочарување, ист е како Никола Груевски

Идентично како неговиот претходник Никола Груевски, и Христијан Мицкоски ја срамоти Македонија во очите на демократскиот светот, се кара со најголемите стратешки пријатели на земјава, обвини СДСМ.

„Дали на Мицкоски му пречи поддршката на демократскиот свет, поддршката од Соединетите Американски Држави на Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО? Сè поочигледно е дека Христијан Мицкоски има проблем со членството на Македонија во ЕУ и НАТО!

Бадијала се правда преку писма дека наводно е за НАТО и ЕУ, Мицкоски имаше можност тоа да го покаже пред референдумот, а тој дејствуваше спротивно од интересот на државата.

Еве и сега има можност да докаже дека е за НАТО и ЕУ и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што целата јавност ги повикува, да ги поддржат уставните измени – но тој не го прави тоа.
Мицкоски покажува и основни непознавања во политиката. По 27 години, во кои Македонија беше заглавена поради овој спор, по 11 години изолација, Мицкоски се осмели да каже дека сега не е амбиентот?

Македонија и нејзините генерации немаат уште 27 години да чекаат на Мицкоски да му се погоди амбиентот.

Ако не го држи сеќавањето, Мицкоски нека ги гледа снимките и фотографиите од лидерските средби на кои течеа консултациите за ова важно прашање, ќе види дека и тој бил на тие средби, секако дека бил и информиран и консултиран. Но, дали Мицкоски имал став на тие средби?
Христијан Мицкоски е разочарување!

Ако продолжи да се обидува да ја блокира иднината на Македонија, во следните неколку дена парламентарното мнозинство ќе распише предвремени парламентарни избори.
Граѓаните ќе ја донесат одлуката, со огромно мнозинство ќе победи опцијата за иднината, Македонија ќе биде дел од НАТО и ЕУ“, порачаа од партијата.

Спонзорирано: