19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Стапката на инфлација во ЕУ стабилна во септември

Малопродажните цени во Европската Унија пораснале 2,2 процента во септември, соопшти Европската агенција за статистика.

Во своето соопштение Евростат вели дека во споредба со август годишната инфлација во блокот била стабилна во септември.

Стапката во овој месец изнесувала 1,8 процент, исто како и минатата година.

Најниска стапка е забележана во Данска – 0,5 проценти, Грција – 1,1 процент и Ирска – 1,2 процент.

Највисока стапка бележат Романија – 4,7 проценти, Унгарија – 3,7 проценти и Бугарија – 3,6 проценти.

„Во споредба со август 2018, годишната инфлација во септември опаднала во девет земји членки, остана стабилна во четири, а се покачила во 14“, се вели во соопштението.

Според официјалните податоци, Обединетото Кралство сè уште нема објавено бројки за инфлацијата оваа година.

Во последната декада највисока стапка на инфлација во ЕУ е забележана во јули 2008 и изнесувала 4,4 проценти. Најниската, пак, е забележана во јануари 2015 со износ од негативни 0,5 проценти кога цените драстично опаднале.

Спонзорирано: