11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Кирацовски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани и да гласаат по сопствено убедување

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на денешната прес-конференција упати апел до сите пратеници, вклучително и оние од ВМРО-ДПМНЕ, да ги прочитаат предложените измени, потенцирајќи дека е време сите оние оние кои се за НАТО и ЕУ заеднички да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

„Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани и да гласаат по сопствено убедување, следејќи ја мнозинската волја на граѓаните“, изјави Кирацовски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека согласно врвните стратешки приоритети на Македонија, членството во ЕУ и НАТО, по доставениот предлог до Собранието од страна на Владата за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија, како еден од последните чекори од Преспанскиот договор, кој се и јавно објавени и достапни до целата јавност, секој пратеник и секој граѓанин може да ги види и да се увери во вистината.

Со предлог измените се потврдува сето она што го говоревме изминатиот период, идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени, вели Кирацовкси и додава дека оттука сите лажни вести и измислени конструкции за наводно загрозување на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја паѓаат во вода.

Спонзорирано: