20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Полска нема да се вклучи во програмата за нуклеарно споделување на САД

Варшава нема да се приклучи на програмата за нуклеарно споделување за да добие пристап до нуклеарното оружје на САД, изјави во интервју полскиот министер за надворешни работи, Јацек Чапутович,пренесува „Спутник“.

„Ова не е предмет на преговори. Ова не е ни предмет на разгледување”, изјави Чапутовиќ за весникот „Џиеник газета правна”.

Во исто време, тој потврди дека полската страна чека на одлука за отворање постојана база на американски трупи во земјата на почетокот на 2019 година.

На 18 септември, американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот со својот полски колега Анджеј Дуда рече дека САД размислуваат за можноста за отворање постојана воена база во Полска. Трамп, исто така, изјави дека полскиот претседател понудил да плати многу повеќе од 2 милијарди долари за базата. Дуда посочи дека базата би можела да се вика Форт Трамп. САД имаат десетици нуклеарни оружја складирани во Белгија, Германија, Италија, Холандија и во Турција.

Спонзорирано: