11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
БИЗНИС

Тевдовски: По долго време, јавниот долг е ставен под контрола

Јавните финансии се транспарентни, јавниот долг е под контрола, а во процедура се и реформи за унапредување на јавниот финансиски систем, посочи министерот за финансии, Драган Тевдовски, на Конференцијата на Македонската Академија на науките и уметностите, зборувајќи за реформи во системот на јавните финансии.

Министерот посочи дека јавните финансии сега се во добра кондиција, но и дека се изготвени мерки за подобрување на системот.

Со Програмата за реформи на јавните финансии (ПФМ) предвидени се низа мерки за поголема ефикасност и ефективност на јавното трошење, одржливост на долгот и поголема транспарентност. Преку нов закон за буџети, подобрен систем за јавни набавки, објавување на расходите на веб-платформа и други мерки, ќе се подобри управувањето со јавни финансии. Со ова ќе се обезбеди стабилен и одржлив економски раст, а со тоа и подобар стандард за граѓаните“, рече Тевдовски.

Toj истакна и дека по долго време јавниот долг е ставен под контрола.

„После 9 години имаме намалување на јавниот долг на годишно ниво. Долгот е ставен под контрола. Истовремено имаме подобрување ако се гледаат каматите и структурата. Значително е намалена каматната стапка на државните хартии од вредност. Ова е резултат на зголемување на довербата на инвеститорите. Таа доверба се покажа и при издавањето на еврообврзницата. Постигната е историски најниска камата од 2,75%. Тоа е двојно па и трикратно помалку во споредба со претходно издадени еврообврзници“, рече Тевдовски и додаде дека е зголемена и рочноста на издадените државни хартии од вредност, што го прави долгот поодржлив.

Министерот за финансии посочи дека една од клучните реформи во јавните финансии се прави во системот за јавни набавки. Со новиот закон, усогласен со европските пракси, е предвидена поголема транспаретност во јавните набавки, а во предвид ќе се зема економски најисплатливата понуда.

Научната конференција која ја организираше Академијата беше посветена на идните предизвици на економскиот развој и економските политики кои се водат во Република Македонија. На конференцијата свое излагање имаа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, претседателот на МАНУ, Таки Фити, гувернерот на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, универзитетски професори и претставници на бизнис секторот.

Спонзорирано: