20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Светска банка: Јавните инвестиции поттикнуваат раст на Западен Балкан

Најновиот редовен економски извештај за Западен Балкан проценува дека растот во 2018 година изнесува 3,5 проценти, соопшти Светската банка.

Се проценува дека Албанија, Босна и Хервеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија оствариле стапка на раст помеѓу 2,5 и 4 проценти.

Иако вработеноста пораснала во пет од шест земји од регионот, 91 400 отворени нови работни места помеѓу јули 2017 и јули 2018 година е значително помалку во однос на 214 000 места една година претходно.

Најголем број нови работни места се отвораат во индустријата и услужните сектори.

„Во целиот регион сведочиме раст поддржан со јавни инвестиции и потрошувачка“, изјави Линда Ван Гелдер, регионална директорка на Светската банка на западен Балкан.

Во поголем дел од земјите од западен Балкан, јавниот долг е голем и продолжува да расте. Јавниот долг го следи фискален и надворешен дисбаланс, што ги прави чувствителни шансите на зголемување на трошоците за финансирање, ако дојде до заострување на условите на финансиските пазари.

Со оглед на сето тоа, за долгорочно одржлив раст, неопходни се домашни реформи за поттикнување на приватните инвестиции и извозот. Извештајот исто така ја истакнува потребата за поголема економска интеграција за промоција на поголем, одржлив раст и поттикнување на отворање нови работни места.

Спонзорирано: