3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Затворена плажата од филмот на Леонардо ди Каприо

Тајландските власти денес објавија дека плажата Мејо, која ја прослави филмот „Плажа“ на Леонардо ди Каприо, ќе остане затворена до понатамошно известување за да закрепне од штетата предизвикана од туристите.

Во март беше објавено дека на туристите ќе им биде забранет пристап во заливот Мејо во периодот од 1 јуни до 30 септември.

Сега е објавено дека заливот, кој е дел од националниот парк, ќе биде затворен од 1 октомври до наредната година, објави АП.

Медиумите претходно објавија дека плажата Мејо ќе биде затворена за да закрепнат коралните гребени и морскиот живот.

Спонзорирано: