15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР ќе издава лични карти по итна постапка поради референдумот

Министерството за внатрешни работи извести дека овој викенд личните карти ќе се издаваат по итна постапка поради референдумот в недела.

Сите барања за издавање лична карта по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 29 септември до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција.

На денот на референдумот, 30 септември, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07 до 19 часот.