19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Ајде и нашата генерација да ја пишува во книгите дека се одважила и донела вистинска одлука

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на завршниот митинг на коалицијата „За европска Македонија” во Прилеп, ги повика граѓаните на одлука и акција за иднината на државата.

„Ајде и оваа генерација наши Македонци и граѓани на Македонија да ја пишува во книгите како се одважила. И за нас да зборуваат деца и внуци како сме донеле вистинска одлука. Секогаш Македонија знаела да носи вистински одлуки и така се движела напред. Овој пат мораме да ја осигураме, да ја обезбедиме независноста на нашата земја и конечно да бидеме со сите во светот и никогаш повеќе сами во светот“, истакна Заев во Прилеп.

Премеирот во своето обраќање посочи да не се пропушти оваа шанса, бидејќи како што рече оваа шанса нема да се повтори.

„Знаете дека ќе успее реферемдумот, но ќе биде величествен ако сме заедно сите. Јас знам дека успехот ќе биде над 50 проценти. Но сакам и апелирам, оти така ни личи, да има консензус во Македонија, како што имаше 1991 година. Затоа мој народе, време е за акција, време е за одлука. Време е За европска Македонија“, рече меѓу другото претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на завршниот митинг во Прилеп.