23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Ахмети од Гостивар: 30 Септември е клучот за НАТО и ЕУ

Демократската Унија за Интеграција одржа средба со граѓаните во Гостивар, од каде упати повик да излезат и да гласаат на 30 септември за Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека Договорот од Преспа е клучот кој ги отвори вратите на ова земја за членство во НАТО и Европската Унија.

„Го сакаме НАТО затоа што сакаме да ја засилиме нашата колективна безбедност, освен ова, сакаме и регионална сигурност, зошто надвор од НАТО секогаш ќе бидеме загрозени и заканувани. Со Договорот од Преспа победници се граѓаните на Република Македонија а губитници нема. Да победиш мир и да го засилиш мирот, не си губитник, да се засилиш и да имаш безбедност за својата земја, не си губитник туку победник. Со зачленувањето во НАТО и ЕУ се дава можноста за поголеми инвестиции од инвестициите што до сега ги направија Европската Унија и Соединетите Американски Држави за градење на државната инфраструктура и државните институции. Пресметајте сега колку би добила нашата земја во Европска Унија и сега кога веќе се знае дека преговорите ќе почнат во јуни следната година додека нашата делегација се наоѓа во Брисел каде се одредува рамката на преговорите“,рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Пред присутните граѓани на Општина Гостивар говор одржа поранешниот градоначалник на Општина Гостивар, Невзат Бејта, претседателот на Собранието, Талат Џефери, како и шефот на Централниот штаб на ДУИ за референдумот, Атила Реџепи, кои едногласно истакнаа дека 30 септември е историски датум за нашата земја и треба да се гласа ЗА Македонија во НАТО.