11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Моќна порака на Александар Кирацовски: Никој нема право да ја бојкотира нашата, и иднината на идните генерации!

Никој нема право да ја бојкотира нашата, и иднината на идните генерации!

Свесен бојкот е свесно попречување на европскиот пат по кој сите ние патуваме повеќе од 25 години!

Бојкотот е неодговорно опструирање и искривување на судбината на огромното мнозинство граѓани кои овој историски референдум го чекаа со децении!

Ваквото неодговорно однесување не смее и нема да се земе предвид.

Затоа, почитувани граѓани,
секој од нас треба да излезе, да гласа и со тоа да одлучува за иднината на Македонија.

Одлучува само оној кој во право време е на местото каде се носи одлуката, а сите се повикани!

Само со излегување и со гласање може да се влијае врз одлуката!

Само тие кои ќе излезат да гласаат имаат можност да одлучуваат.

Нивниот глас ќе се слуша!
Мнозинството ќе одлучи!, порача Александар Кирацовски , генерален секретар на СДСМ.