20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ѓорѓиевски: Политиките на Заев се колективна несреќа за македонскиoт народ

Претставници на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска остварија средби со граѓани во Валандово.

Во однос на овие активности, обраќање имаше членот на извршниот комитет на партијата, Орце Ѓорѓиевски, кој оцени дека од средбите со граѓаните може да се види дека кај народот владее тага.

“Од цела оваа политичка, но и економска состојба моментално во државава може слободно да се каже дека Зоран Заев како политичар е колективна несреќа за целиот македонски народ и за Република Македонија. Наоѓаме негодувања кај народот и за економскиот дел на политиката каде што јасно се кажува дека не само што СДСМ не го спречи иселувањето на народот, туку напротив народот уште толку се иселува од Република Македонија. Немаме ниту едно вработување во последниов период, особено во овој регион луѓето се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во нивните семејства и се плашат дека може да ескалира и понатаму“, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Истакна и дека луѓето сериозно ги мачи и засега, како што рече, срамниот и штетен Договор со Грција.

„Може да се види дека сериозно се негодува од страна на нашиот македонски народ за тој договор и дека не го поддржуваат истиот и се исплашени за катастрофалните последици за нашата држава токму од тој договор“, изјави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој порача дека неговата партија нема да дозволи вечно да трае колективната катастрофа што Заев и ја прави на Република Македонија, односно дека заедно со народот ќе се изборат за победа врз, како што рече, режимот кој моментно е на власт.

Спонзорирано: