19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: До небо верувам дека нашиот народ нема да бојкотира и да оди против државата

Имаме огромни пријатели со чија помош оваа наша земја, заедно со граѓаните, ќе ја направиме земја за почит, изјави премиерот Зоран Заев на граѓанска трибина во Демир Хисар.

Тој порача дека главната цел на политиката на неговата влада е сите, вклучувајќи ги и младите, животот да го живеат во својата земја.

„Ги повикувам сите граѓани, ова е наша заедничка татковина и наша заедничка обврска е да водиме грижа за неа. Носев одлуки за договорот со Бугарија, Грција, едно општество за сите, застанаа зад мене Владата и Парламентот, сега барам да застане и народот. Одлуките ги носев верувајќи дека огромното мнозинство граѓани ќе ги поддржи и верувам дека и цензусот ќе го постигнеме. Овој народ секогаш кога станувало збор за државата носел правилни одлуки“, рече Заев во своето обраќање.

Притоа појасни дека цензусот на референдумот е крупна работа и токму поради тоа, како што кажа, секој треба да гласа.

„Треба да гласаат 904 илјади гласачи. Секој има обврска кон државата да гласа. Може да биде ‘за’, може ‘против’, но секој кој бојкотира е против државата. Верувам до небото во нашиот народ“, додаде премиерот.

Тој посочи дека со договорот од Преспа имаме држава што никој повеќе не ја спори, со македонски идентитет потврден од сите и македонски јазик, потврден од сите во светот.

„Европскиот парламент ќе го користи македонскиот јазик како 26. официјален јазик, 156 илјади страници европско законодавство ќе бидат преведени и на македонски јазик. Вчера во ЕП зборував на македонски јазик“, посочи Заев и порача на 30 септември европски Демир Хисар да се изјасни „за“ европска Македонија.

Спонзорирано: